Клиниката за стоматологија се дезинфицира по случајот со бактеријата МРСА
![Клиниката за стоматологија се дезинфицира по случајот со бактеријата МРСА](https://gdb.rferl.org/4EC21FCC-4055-4DFC-9379-D736EABB2AC1_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Откако кај еден вработен во Стоматолошката клиника беше откриена бактеријата МРСА од Клиниката соопштија дека тој не доаѓа на работа, а клиниката се чисти и дезинфицира. Од таму посочуваат дека нема новопријавени случаи и дека ги очекуваат останатите резултати од санитарниот преглед на вработените.
Во соопштението на Клиниката апелираат до јавноста да нема сомнеж за сигурно и квалитетно давање на стоматолошки здравствени услуги.