Ѕанакопулос - Во следните денови ратификација на Протоколот за прием на Северна Македонија Во НАТО
![Ѕанакопулос - Во следните денови ратификација на Протоколот за прием на Северна Македонија Во НАТО](https://gdb.rferl.org/5A3D0976-A507-4B4D-942B-D2BFE973C5E0_cx0_cy8_cw0_w800_h450.jpg)
Во текот на следните денови Протоколот за членство во НАТО ќе биде ратификуван од грчкиот Парламент, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите и ги објасни обврските и следните чекори за Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
„Во текот на следните денови Парламентот ќе го ратификува Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО, а во продолжение ќе се испрати Вербална нота од Министерството за надворешни работи на Грција до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија и со тоа, автоматски стапуваат во сила уставните измени и секако промената на името“, но рече дека нема конкретен датум за ратификација на протоколот.