Нов фудбалски терен во Охрид за подобра спортска слика
![Нов фудбалски терен во Охрид за подобра спортска слика](https://gdb.rferl.org/28B078E5-3F1D-466E-A227-3BAD5D85913A_w800_h450.jpg)
Охрид го доби првиот терен на вештачка трева, нешто што треба да придонесе во развојот на спортот и спортскиот туризам во градот. Но општата состојба со спортот е лоша. Поради немање на финансии настапот во натпреварувачките конкуренции го откажаа неколку екипи, а Охрид веќе две години нема фудбaлски клуб.