Пожари во Беровско со „катастрофални последици“ врз природата
Се уште е во тек акција за гаснење на пожарот кај месноста Каменица во беровско Владимирово, откако претходно 40 пожарникари и припадници на шумската полиција од утринава гаснеа голем пожар кај месностите Готен и Цареви Колиби.
Учесниците во пожарот велат дека пожарите предизвикуваат катастрофални последици по природата, дека горат столетни дрваја, а животните панично бегаат. Тие велат дека се уште не можат да кажат со сигурност кога пожарите ќе бидат ставени под контрола и ќе бидат изгаснати.
Претходниот месец во Беровско се гаснеа над 50 пожари кои изгореа над 2.000 хектари шума.