Талибанците убиле 8 авганистански војници
Авганистански официјален претставник изјави дека Талибанците убиле најмалку осум припадници на безбедносните сили во земјата откако нападнале контролен пункт во северната област Балх. Адил Шах Адил, портпарол на полицијата во Балк, изјави дека пет други службеници на безбедносните служби се повредени во судирот во областа Шолгара.
Никој не ја презеде одговорноста за нападот, иако Адил ја обвини екстремистичката група на Талибанците за нападот. Талибанците се многу активни во Шолгара и нападнаа неколку контролни пунктови во таа област. Портпаролот рече дека и Талибанците претрпеле жртви во долгата престрелка што следела по нападот, но оти не знае колку.
Талибанците ги интензивираа нападите врз авганистанските власти и безбедносните сили низ целата земја, и покрај тоа што официјалните претставници на групата разговараа со американскиот специјален пратеник Залмај Калилзад во Кабул, во обид да постигнат мировен договор за ставање крај на 17-годишната војна во земјата.