Столтенберг: НАТО нема да распоредува нуклеарни ракети во Европа
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијансата нема намера да распореди нуклеарни проектили во Европа, туку дека "секогаш ќе ги преземе неопходните чекори за да обезбеди кредибилно и ефикасно одвраќање".
Тој вечерва го предупреди американскиот Конгрес дека Алијансата е под постoјана закана на“упорната Русија", вклучувајќи го и прекршувањето на Договорот за летање на нуклеарни проектили од среден опсег.
"Ние треба да ги надминеме нашите разлики сега, бидејќи во иднина ќе ни биде повеќе потребна нашата Алијанса. Ние сме соочени со предизвици без преседан - предизвици со кои секоја земја не може да се соочи сама", додаде Столтенберг.
Тој заклучи дека НАТО е "најуспешниот сојуз во историјата".
Членовите на Конгресот, кои Столтенберг го поздравијасо овации, соопштија дека обраќањето на Столтенберг до Претставничкиот дом и Сенатот го гледаат како потврда за посветеноста на Соединетите Држави кон Алијансата.