Заев побарал поддршка од Меркел
![Заев побарал поддршка од Меркел](https://gdb.rferl.org/AC1ED348-5F2E-43CA-916D-3BACF1726DAF_w800_h450.jpg)
Премиерот Зоран Заев во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел побарал поддршка во врска со одлуката за почеток на преговорите со ЕУ која треба да ја донесе Советот на ЕУ во јуни.
„Време е Советот на ЕУ да донесе позитивна одлука за отворање на пристапните преговори. Оваа одлука ќе претставува дополнително охрабрување за да се продолжи со реформите во Северна Македонија, посочил Заев во телефонскиот разговор со Меркел, информираат од Владата.
Канцеларката Меркел го поздравила позитивниот развој на спроведувањето на Договорот од Преспа, како и спроведувањето на домашните реформи преку отворен дијалог со опозицијата, што, според неа, ќе донесе конкретни и позитивни резултати, се вели во владиното соопштение.