Поранешниот хрватски премиер Санадер префрлен во затворот во Загреб
Поранешниот хрватски премиер и некогашен лидер на владејачката ХДЗ, Иво Санадер денеска со полициски автомобил беше префрлен во затворот Реметинац во Загреб. До ова дојдеоткако Врховниот суд му ја зголеми казната за аферата „Планинска“, а Жупанискиот суд издаде налог за негово спроведување.
„Нема докази. Ова е смешно. Пресудата требаше да падне. Ова е уште една претства. Тука се моите адвокати, ако дојдат по мене, јас ќе одам,“ изјави Санадер.
Врховниот суд во Загреб завчера правосилно го осуди Санадер на 4,5 години затвор поради кривично дело примање и давање мито во случајот „Планинска“, а денеска му ја зголеми казната на повеќе од пет години.