Белград инсистира на дијалог со Приштина, но ништо од тоа ако не се укинат таксите
![Белград инсистира на дијалог со Приштина, но ништо од тоа ако не се укинат таксите](https://gdb.rferl.org/AF0B213B-9021-43E0-AC50-4C93D405B4AD_w800_h450.jpg)
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Белград инсистира на дијалог со Приштина, но тоа нема да се случи сè додека не се укинат таксите кон Србија. Тој пред студентите на Парискиот институт за политички науки, рече декакомпромисот не значи дека Србија ќе ја признае независност на Косово, но дека се уште нема конкретни разговори за тоа каков би бил компромисот.
„Ние сме подготвени за компромис, но Приштина смета дека нема потреба. Тие мислат дека можат да добијат се и тежнеат кон создавање на голема Албанија. Кој може да гарантира дека ќе има две независни држави, нормално е да се залага за обединување“, рече Дачиќ
Тој оцени дека Србија сака политичко решение кое ќе ги почитува интересите на двете страни, а не решение до кое ќе се дојде под притисок.