На Инфективната клиника има 33 пациенти со морбили, во Струга осум нови случаи
На Инфективната клиника се хоспитализирани 33 пациенти со морбили, од кои 16 возрасни и 17 деца, информираат од Клиниката. Од таму велат дека на Одделот за интензивно лекување има еден пациент кој во потешка состојба. На Клиниката има и три деца и двајца возрасни со компликации од морбили.
Во Струга, пак, за само една недела има осум нови заболени од морбили.Со новите случаи, бројката се искачи на 49 заболени, информира денеска Јованка Сурлакова – Коровешовска епидемиолог во Центарот
за јавно здравје – Охрид.
Возрасната група останува од три месеци до 50 години. Меѓу осумте нови заболени од последната недела,шест се на возраст од 40 до 50 години, а две се деца до една година.