Јавниот обвинител на САД ќе сведочи пред Конгресот
Американскиот јавен обвинител Вилијем Бар денеска ќе сведочи пред конгресмените, за прв пат откако го доби извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер за руското мешање во претседателските избори во 2016 година. Овој извештај не е објавен, а Бар испрати писмо до Конгресот во кое го сумизира извештајот на Мулер кој има 400 страници. Притоа тој цитира некои наоди на Мулер, вклучувајќи го и заклучокот дека Русија се обидела да се меша во американската кампања. Бар напиша дека истрагата не открила оти членови на изборниот штаб на претседателот Трамп се координирале со Москва во активностите за мешање во изборите.