Партијата на Ердоган ќе бара прегласување во Истанбул
Партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Партија на правдата и развојот (АКП), најави дека ќе бара прегласување на изборите за градоначалник на Истанбул, поради наводни нерегуларности при
гласањето на 31 март, објави агенцијата ДПА.
„Ќе побараме прегласување на изборите во Истанбул. Имаше инциденти кои влијаеја на изборните резултати. Имаме многу докази за тоа. Законот им овозможува на партиите да бараат прегласување во случај на нерегуларности што можат да влијаат на резултатите од изборите“, изјави потпретседателот на АКП, Али Ихсан Јавуз.