Путин тврди дека Турски поток ќе биде најважен за европската енергетска безбедност
![Путин тврди дека Турски поток ќе биде најважен за европската енергетска безбедност](https://gdb.rferl.org/8E6CF9EB-2B8E-4B01-84D9-C6EE6C250194_cx0_cy13_cw0_w800_h450.jpg)
Нуклеарната електрана Акуја и гасоводот Турски поток ќе станат едни од најважните компоненти за регионална и европска енергетска безбедност, изјави рускиот претседател на денешната заедничка прес-конференција
со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган.
Путин истакна дека и двата проекти се во согласност со највисоките стандарди за животната средина и технологијата. Тој додаде дека електраната ќе почне со работа во 2023 година на 100-тиот роденден на Турција, додека гасоводот ќе биде оперативен до крајот на годината.