Тревога во Словенија поради аферата прислушување
Словенечкиот Совет за национална безбедност денеска попладне ќе одржи итна седница што ја свика премиерот Марјан Шарец, поради наводно дејствување на хрватската Безбедносно разузнавачката агенција (СОА) во Словенија. Поради истата причина и хрватскиот амбасадор е повикан на разговор во словенечкото Министерство за надворешни работи, а словенечката амбасадорка е повлечена на консултации во Љубљана.
Словенечките медиуми пред една недела објавија дека Давор Франиќ, секретар и шеф на кабинетот на директорот на СОА, Даниел Маркиќ, стои зад прислушувањето на словенечкиот претставник во Арбитражниот суд, Јернер Секолец и словенечката претставничка пред судот
од Министерството за надворешни работи, Симон Дреник, што се случи во 2015 година.