Европскиот суд за човекови права: Русија ги крши правата на Навални
![Европскиот суд за човекови права: Русија ги крши правата на Навални](https://gdb.rferl.org/00052BBE-6624-450E-8C06-7577A644138F_w800_h450.jpg)
Руските власти ги прекршија правата на опозицискиот лидер Алексеј Навални со тоа што го држат во куќен притвор уште од 2014 година, пресуди денеска Европскиот суд за човекови права, објави новинската агенција ДПА. Судот смета дека со изрекувањето на куќен притвор на Навални во февруари 2014, руските власти сакале да ги спречат неговите политички активности.
Ова е трета пресуда на Европскиот суд со која се осудува куќниот притвор на Навални и втора во која се оценува дека неговата казна е политички мотивирана.