Руските олигарси си ги повлекуваат парите од Кипар поради контролите од ЕУ
Руските олигарси, кои беа столб на банкарскиот систем на Кипар, очигледно сакаат да го однесат своето богатство во други земји, затоа што во ЕУ се загрева борбата против перењето пари и затоа ги повлекуваат своите пари што ѝ нанесе сериозен удар на кипарската економија, објави грчкиот весник „То Вима“, повикувајќи се на информативниот портал Philenews.gr.
За еден месец од островот се повлечени околу 93 милиони евра, а за два месеци, до крајот на февруари, биле повлечени депозити во вкупна вредност од 143 милиони евра. Во споредба со пред една година, падот во депозитите изнесуваше 1,34 милијарди евра, а пред две години од банкарскиот систем на Кипар беа повлечени 2,65 милијарди евра руски пари.