Меј и Меркел без коментари по средбата
![Меј и Меркел без коментари по средбата](https://gdb.rferl.org/6DFBC831-4DC9-4BDE-8FEC-8C43A62A4E63_w800_h450.jpg)
Британската премиерка, Тереза Меј и германската канцеларка, Ангела Меркел го завршија денешниот состанок, не обелоденувајќи пред новинарите детали од разговорот. Средбата траела околу еден час и половина, а се случува во рамки на напорите на Тереза Меј со партнерите од ЕУ да постигнат договор за понатамошно одложување на брегзитот.