Меѓупартиски препукувања за лустерите во Белата палата
![Меѓупартиски препукувања за лустерите во Белата палата](https://gdb.rferl.org/4275A7D8-D9CF-4F0F-8749-34205E8DFF04_w800_h450.jpg)
ВМРО-ДПМНЕ не ја открива вредноста на лустерите што неодамна ги донираа во црквата во селото Љубанци, бидејќи според партискиот портпарол Наум Стоилковски, не сакале да се фалат колку се хумани. Од опозицијата велат дека лустерите не биле луксуз.
„Јас не би рекол дека се луксузни предмети кога станува збор за донација. Тоа е доброволен прилог за кој не е убаво да се фали човек. Се пофалил Тарчуловски дека се донирани два лустера во манастир и тоа е тоа. Нема да шпекулирам со вредности и цена, не е хумано да се експонира во јавноста за тоа. Нема да навлегувам во она што значи етичност во донации. Доколку органите на партијата одлучат да се соопштат вредноста и цената, тогаш ќе ги соопштиме“, изјави Стоилковски.
Претходно денеска од СДСМ обвинија дека донацијата на ВМРО-ДПМНЕ е под сомнителни околности и потсетија дека имотот на партијата е замрзнат поради судски предмет, како и дека не се дозволени донации за време на кампања.