Правнукот на Мусолини кандидат на европските избори
Кајо Џулио Чезаре Мусолини (од латинското Гај Јулие Цезар), правнукот на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини влегува во политичката арена како кандидат на европските избори за екстремно десничарската партија Браќа на Италија. Кандидатурата ја објави и лидерката на партијата, Џорџија Мелони, објави АП.
Освен него, политички амбиции изразија и неговата братучетка Алесандра Мусолини, член на Европскиот парламент од партијата Форца Италија на Силвио Берлускони, и Рахела Мусолини, член на Градското собрание на Рим.