Српскиот воен врв нема да дозволи „никакви обиди за државен удар“
![Српскиот воен врв нема да дозволи „никакви обиди за државен удар“](https://gdb.rferl.org/E5BAA6AC-5C90-4B69-A2EA-F73964FD8DBC_w800_h450.jpg)
Српската војска нема да дозволи никакви обиди за државен удар и предупреди дека секој кој ова го најавува и го бара треба да одговара според законот, соопштено е денеска по заедничката седница на колегиумот на министерот за одбрана Александар Вулин и началникот на Генералштабот на српската Армија, Милан Мојсиловиќ.
„Српската војска им порачува на сите и во земјата и во странство, дека не е, и нема да биде средство за соборување на легалните и легитимните власти во Република Србија и насилното уривање на уставниот поредок “, се наведува во соопштението.
Како што се истакнува, безбедносните предизвици предизвикани од воведувањето такси и формирањето на паравоени единици во Косово, наметнуваат српските вооружени сили со внимание да го следат секој настан кој може да предизвика немир меѓу косовските Срби.