Меркелсе сретна со Порошенко
Германската канцеларка Ангела Меркел ги пофали „блиските односи “ кои нејзината земја ги изградила со Украина, откако му посака добредојде на украинскиот претседател Петро Порошенко денеска во Берлин. На заедничката прес конференција, таа истакна дека е во постојан контакт со актуелниот претседател и дека со него во изминативе години успеале да изградат близок однос на двете држави.
„Спроведувањето на демократски промени е комплициран процес, Украина постигна напредок, но тоа сигурно не е крајот на патот,“ изјави Меркелна само десетина дена пред вториот изборен круг за претседател во Украина.
Порошенко и неговиот противкандидат Володимир Зеленски треба да имаат одвоени средби во текот на утрешниот ден со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз. Германија, Франција и Украина се дел од таканаречениот „Нормандиски формат“на земји кои бараат решавање на конфликтот во Источна Украина, каде што сепаратисти подржани од Русија се борат против владините сили на Киев.