Ципрас: Преспанскиот договор клучен за Балканот
Договорот од Преспа е од клучно значење за Балканот, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговото обраќање во Дубровник за време на Конференцијата на иницијативата „16+1“. Тој истакна дека ова емногу критичен момент за светските и регионалните случувања и дека кризата треба да ја оставиме зад нас и при тоа да се изградат нови темели за поддршка на регионална и глобална соработка.
„Па така, она што ние се обидуваме да го постигнеме е да се соочиме со предизвиците како што се споровите во нашиот регион. Конкретно, неодамна, заедно со мојот колега, Зоран Заев, успеавме да го решиме проблемот со името меѓу Грција и Северна Македонија, нешто што е особено клучно за регионот на Балканот“, изјави Ципрас во обраќањето на Конференцијата.
Тој ги спомна „грчките иницијативи за привлекување инвестиции во регионот“, како што е кинеската инвестиција „ Cosco“ во Пиреја и соработка за иницијативата „One Belt, One Road“.
Грчките медиуми јавуваат дека на маргините на конференцијата била одржана средба меѓу премирите на Северна Македонија, Грција и Хрватска на која зборувале за соработката меѓу трите земји.
Грција годинава прв пат учествува во Иницијативата 16+1.