Анкета: Пендаровски во предност пред Силјановска и Река
Кандидатот за претседател подржан од владината коалиција, Стево Пендаровски води со 3,7 процентни поени разлика пред претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, додека третиот претседателски кандидат- Блерим Река има стабилна поддршка од 11 отсто. Ова го покажува новата анкета на ТВ Телма, изработена од Институтот за демократија Социетас Цивилис. Анкетата е спроведена телефонски во период од 07 април до 11 април на репрезентативен промерок од 967 испитаници.
За Стево Пендаровски се изјасниле 27,2 процентни од испитаниците, додека за Гордана Силјановска 23,5 , а за Блерим Река 11 отсто од испитаниците.