Авион удри во хеликоптер на аеродром во Непал, тројца загинати
Најмалку тројца луѓе загинаа, а четворица се повредени денеска, кога мал авион при полетувањето од еден непалски аеродром во областа Еверест удри во паркиран хеликоптер.
Авионот на компанијата Самир ер се излизгал од пистата и удрил во хеликоптер на Манинг ер. Авионот требало да полета од Лукла за Катманду.
Двете компании се приватни и услужуваат туристи и Непалци во оддалечените области во земјата.
Повредените со хеликоптер биле префрлени во Катманду.
Меѓу загинатите се пилотот на авионот и двајца полицајци кои биле во близина на паркираниот хеликоптер.
Аеродром Тенцинг Хилари во Лукла, на 2845 метри надморска височина, се смета за најопасниот на светот поради кратката писта и тешкиот пристап. Аеродромот е отворен само за хеликоптери и мали авиони.