Сиљановска - Давкова: Слоганот е правда, оти фокус групите го одбраа
Слоганот „Правда за Македонија“ е одбран врз основа на истражувања. Искрено јас не очекував, но најголемиот дел од фокус групите што беа анкетирани го одбраа ова и така мнозинството од оние кои одлучуваа рекоа дека ова е најсоодветното мото, вели претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска – Давкова, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Таа зборува и за тоа како гледа на бегството на Груевски, за експертиските групи кои планира да ги формира, за одржливоста на Преспанскиот договор, барањата за аболиции.