Кај Стоби уапсен 22-годишник кој превезувал 11 мигранти
![Кај Стоби уапсен 22-годишник кој превезувал 11 мигранти](https://gdb.rferl.org/4BED3773-6849-4AAA-A5F8-18F9669BC704_w800_h450.jpg)
Полицијата синоќа уапсила 22-годишник од село Петралица кој превезувал 11 мигранти – шест од Авганистан, тројца од Сирија и по еден од Ирак и Пакистан, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Околу 22 часот на автопатот А1 Неготино – Градско, кај археолошкиот локалитет Стоби, полицајци од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ запреле патничко мoторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки. Притоа возачот С.А. (22) се обидел да избега, но е лишен од слобода.
За криумчарењето мигранти известен е и јавен обвинител.