Катругалос - Со Договорот од Преспа се отстранува отровот на меѓусебното сомневање
Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос вели дека Договорот од Преспа е чесен компромис, ги задоволува националните интереси на двете страни и еднаш засекогаш го отстранува отровот на меѓусебното сомневање. Тој во интервју за неделното издание на грчкиот весник „Етнос“, вели дека не се сомнева во тоа дека до изборите, владата ќе успее да ги убеди сите оние кои ја критикуваат за придобивките од договорот.
Во однос на комисиите за учебниците и за трговските ознаки, министерот за надворешни работи на Грција објаснува дека првата е веќе формирана и „од септември, ќе бидат пуштени нови учебници во Северна Македонија ослободени од секаков вид иредентизам“.
А Комисијата за ознаки ќе се формира до средината на мај.