Осуден Норвежанец во Русија за шпионажа
Рускиот суд донесе пресуда со која го осуди Норвежанецот Фроде Берг на 14 години затвор. Станува збор за пензиониран инспектор на норвешко-руската граница кој беше осуден во Москва во процес зад затворени врати за јавноста.
Тој беше обвинет од федералните безбедносни служби за барање на класифицирани документи поврзани со руските нуклеарни подморници. Во текот на судските рочишта Берг се декларираше како невин по обвинението дека шпионирал во име на Норвешка.
На сослушувањето обвинителот изјави дека Берг бил фатен со документи в рака кои ги добил од вработениот во воениот објект Алексеј Житник. Житник, пак е осуден на 13 години затворска казна поради предавство.