Битолската полиција го расчистува случајот со ученици кои се самоповредувале
Битолската полиција потврди дека од нив побарале да постапи во случаите на ученици кои се самоповредувале. Барањето го доставиле директорот на основното училиште „Коле Канински“, Зоран Мирчевски. Било пријавено дека неколку ученици се самоповредувале. Полицијата го расчистува случајот.
Претходно медиумите пренесоа изјави на директорот, според кого во Битола имало неколку случаи на ученици кои се самоповредиле како последица на влијание од видео игри.