Могерини: Грешка ќе биде ако Северна Македонија и Албанија не почнат преговори во јуни
Еврокомесарот за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини очекува Северна Македонија и Албанија во јуни да ги почнат преговорите за членство во Унијата. Таа во своето обраќање пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, посочи дека би била голема стратешка грешка и пример за „кратковидност“ на ЕУ доколку не донесе одлука за покренување на пристапни преговори со Скопје и Тирана во јуни.
Политиката на проширување на ЕУ, според неа, е една од успешните приказни за време на нејзиниот петгодишен мандат и мандатот на актуелниот состав на ЕП при штокако успешен пример на европската политика кон Балканот го наведе Договорот помеѓу Скопје и Атина.