Гласањето на затворениците, болните и дијаспората без проблеми
![Гласањето на затворениците, болните и дијаспората без проблеми](https://gdb.rferl.org/7BE820BB-EF97-4952-8F73-818F9BC8C9B1_w800_h450.jpg)
ДИК соопшти дека гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива тековно и без никакови проблеми. Според комисијата, сите гласачки места се отворени, а изборниот материјал навреме е доставен.
„Освен во САД поради временската разлика, сите гласачки места во амбасадите на Северна Македонија се отворени на време и гласањето се одвива непрекинато“, појаснуваат од ДИК.
Денеска, своето право на глас можат да го остварат 1640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3583 немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.