Десетици косовски државјани вратени од Сирија
![Десетици косовски државјани вратени од Сирија](https://gdb.rferl.org/1275EBF7-28E2-4F8C-B668-D5FC7F906CC9_w800_h450.jpg)
Десетици државјани на Косово, меѓу кои и жени и деца, кои се наоѓале во областите опфатени со војна во Сирија, се вратија во земјата. На аеродромот „Адем Јашари“ доцна синоќа беше присутен и министерот за правда на Косово, Абелард Тахири. Тој изјави дека операцијата за враќање на косовските граѓани од Сирија е завршена успешно.
Повеќе од 400 косовски државјани се проценува дека заминале во Сирија во изминатите години за да војуваат на страната на исламските екстремисти. Според податоците на косовската полиција, во февруари годинава во Сирија се наоѓале 44 жени и 48 деца.