Амбасадата на САД ја поздрави новата опозиција во албанскиот Парламент
Американската амбасада во Тирана ја поздрави новата опозиција во албанскиот Парламент.
„Албанскиот Парламент продолжува да функционира. Ова продолжување на парламентарните процеси, вклучувајќи го и влегувањето на новите пратеници, дебати и усвојување на закони, е знак за континуитетот и стабилноста на оваа важна демократска институција“, изјави Лејла Мозес-Ванс од американската амбасада.
Координаторката на новата пратеничка група на Демократската партија, Рудина Хајдари, на Твитер напиша дека „бојкот на изборите, пред која било влада и колку да е корумпирана, е политичко самоубиство“.
Евроамбасадорот во земјата Луиџи Сореца побара од двете новоформирани опозициски парламентарни групи во Собранието да учествуваат на јунските локални избори и да разговараат со своите колеги.