Уапсени две лица по убиството на новинарка во Северна Ирска
![Уапсени две лица по убиството на новинарка во Северна Ирска](https://gdb.rferl.org/15BD5E15-A23D-4BA4-8C78-5A8C2ABF3A69_cx0_cy8_cw0_w800_h450.jpg)
Две лица се уапсени во врска со убиството на новинарката Лира Мекки немирите во Лондонери во Северна Ирска. Полицијата соопшти дека 18 и 19 годишните момчиња биле уапсени во Дери и согласно законите за антитероризам се онесени на сослушување во Белфаст.
Истражувачката 29 годишна новинарка Мекки беше застрелана додека известувала за немирите во кои демонстранти фрлале со молотови коктели, цигли и шишиња кон полицијата. Во последниот твит на Мекки на социјалната мрежа Твитер, судирот меѓу полицијата и демонстрантите го опишала како „тотално лудило“.