Почна теренска вакцинација против морбили во 11 училишта во Скопје
Почнува вакцинацијата против морбили на терен согласно наредбата од Министерството за здравство за теренска вакцинација на сите невакцинирани деца од школска возраст. Во 11 училишта на територија на град Скопје во четири општини денеска ќе се изврши вакцинација на повеќе од 480 деца, изјави денеска во ООУ „Јан Амос Коменски“, директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ, каде здравствени тимови треба да вакцинираат или ревакцинираат околу 50 деца.
“Според нашите сознанија во првиот круг на теренска вакцинација не беа вакцинирани околу 3.800 деца. Од нив беа вакцинирани само 300 деца, што не е задоволителен процент. Затоа во наредните десет дена очекуваме да ја повториме оваа теренска вакцинација и да го зголемиме процентот на вакцинирани деца”, рече д-р Мехмедовиќ.
Во врска со тоа дали има реакција од родители кои денеска не ги пуштиле децата во училиште или потпишале дека не сакаат да се вакцинираат или ревакцинираат, рече дека до нив се уште не пристигнала ниту една реакција.