Казахстан- владејачката партија го номинираше Токаев за претседател
Казахстанската владејачка парија Нур Отан го номинираше привремениот претседател Касим Зомарт Токаев за кандидат за претседателските избори што ќе се одржат на 9 јуни.Ова беше соопштено денеска на партискиот конгрес кој се одржува откако Нурсултан Назарбаев поднесе оставка по 30 години извршување на функцијата претседател. Назарбаев кој претседаваше со партискиот конгрес, побара поддршка од сите за кандидатурата на Токаев. Тој ја водеше земјата од 1991 година, а оставката ја објави на 19 март, по што Токаев, кој е долгогодишен дипломат и претседавач со горниот дом стана времен претседател. На 9 април, Токаев ги распиша брзите избори за на 9 јуни, што е околу една година порано од редовниот термин.