Жена се разбудила по 27 години во кома
Приказната за жена од Обединетите Арапски Емирати која по 27 години се разбудила од кома е насловните страници на светските медиуми. Приказната за Мунира Абдула најпрво во понеделникот ја пренесе весникот Нешнал од Абу Даби. Весникот наведува дека во 1991 година школски автобус удрил во автомобилот во кој се возела Мунира и нејзиниот син. Детето тогаш поминало само со модрици.
Таа тогаш имала 32 години. Нејзиниот син, кој сега има 32 години, навел дека неговата мајка минатата година се разбудила во болница во Германија. Приложена е и фотографија на жена во инвалидска количка во Големата џамија во Абу Даби каде што живее Мунира.
За време на деценискиот престој во болница, таа била хранета со цевче и била подложена на физикална терапија за да не ѝ атрофираат мускулите.