Собранието повторно изгласа десетина закони вратени од претседателот Иванов
Пратениците денеска во трето читање, ги изгласаа и законите за практиканство, за влада, за спорт, за финансиска поддршка на инвестициите, како и законот за Изборниот законик, кои претседателот на државата Ѓорге Иванов претходно одби да ги потпише.
Овие закони Собранието ги изгласа на седница одржана на 27 март 2019 година.
Собранието во претпладневниот дел на седницата ги усвои законите за централен регистар на население, за извршување на санкциите за електронско управување и електронски услуги, за тутун, производи од тутун и сродни производи, за регистрирање на готовински плаќања, за државните награди, како и за ратификација на Договорот со Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи, кои Иванов, исто така не ги потпиша. Беше донесен и Законот за судски совет.
Претседателот на Собранието Талат Џафери објасни дека законите се разгледуваат во трето читање откако Иванов со указ ги врати назад до пратениците.
Разгледани беа и неколку барања за автентични толкувања.