Со водени топови против протестот на учителите во Мароко, над 70 повредени
Повеќе од 70 демонстранти беа повредени денеска во Мароко, откако полицијата употреби водени топови да го разбие протестот во илјадници учители, кои работат по договор на определено време, во главниот град, Рабат.
Учителите, кои извикуваа „Социјална правда“ и „Не за уништувањето на јавните училишта“, се обидоа да кампуваат пред парламентот, но полицијата го растури протестот. Учителите од државните училишта, од кои повеќето носеа бели мантили, дојдоа од неколку града од целата земја, откако во вторникот беше откажан состанокот со министерот за образование.
Организаторите соопштија дека 70 учители биле хоспитализирани со различни повреди од протестот, а многумина имаат модрици од пендреци. Учителите со договори за времено вработување бараат постојано вработување за да се подобрат нивните услови, особено по пензионирањето. Засегнати се околу 55 илјади учители и наставници. Учителите со договори за времено вработување земаат иста плата како оние кои се постојано вработени, односно околу 500 евра, но за разлика од постојано вработените немаат пензиско осигурување и други бенефиции.