Велигденска порака на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден. Во неа, меѓу другото, се вели: „Велигденската радост треба да нè зближува и да нè обединува сите, како чеда на нашата мајка Црква, и нас во Татковината, и сите вас што живеете раселени по светот. Без разлика каде сме, да живееме богоугодно и во мир со сите луѓе, чувајќи ги националните и духовните посебности како народ, покажувајќи потребна грижа за светоста на бракот и семејството, грижа за повозрасните, изнемоштените и сиромасите, а особено за младите и нивното воспитување во духот на верата православна и на нашите прадедовски традиции. Како народ конечно да најдеме начин за меѓусебно помирување, па да простиме сè со Воскресението“, стои во велигденската порака на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.