Протест за оставка на главниот обвинител на Косово
![Протест за оставка на главниот обвинител на Косово](https://gdb.rferl.org/0E2F4986-4D2B-4AAA-A330-28FEE61E204A_cx18_cy24_cw77_w800_h450.jpg)
Опозициското Движење Самоопределување денеска ќе одржи протест против главниот обвинител на Косово Александер Љумези, со барање за негова оставка. Според партијата на Албин Курти, Љумези нема преземено ништо против криминалот и корумпираните власти. Оваа партија последниве недели организира и средби со граѓаните низ сите косовски градови, со цел мобилизација за протести за уривање на Владата на Рамуш Харадинај и смена на претседателот на државата, Хашим Тачи.