Стотици од два универзитета во Калифорнија во карантин со мали сипаници
![Стотици од два универзитета во Калифорнија во карантин со мали сипаници](https://gdb.rferl.org/7FD8DEC2-3625-4ADD-9BE6-602E392EAF2E_w800_h450.jpg)
Здравствените работници ставија стотици вработени и студенти од два универзитета во Лос Анџелес под карантин, бидејќи можеби биле изложени на мали сипаници, а не можат да потврдат дека биле вакцинирани. Наредбата бара засегнатите луѓе да останат дома, да избегнуваат контакт со другите, и да ги известат властите ако имаат симптоми на сипаници. Во САД се борат со најголем број случаи на сипаници, откако вирусот беше прогласен за елиминиран во 2000 година.