Запленето големо количество оружје во Црна Гора
Црногорската полиција заплени големо количество оружје и муниција, средства за комуникација, автомобил и уапси пет лица. Полицијата изврши претрес на 22 места во Подгорица, Цетиње и Даниловград, каде што е пронајдено оружјето. Против уапсените се поднесени кривични пријави и тие ќе бидат изведени пред обвинител. Конфискуваните предмети ќе бидат дадени за експертиза, соопшти Управата на црногорската полиција.