Приведен неготинец осомничен за убиство
![Приведен неготинец осомничен за убиство](https://gdb.rferl.org/4BED3773-6849-4AAA-A5F8-18F9669BC704_w800_h450.jpg)
Обвинителството поднесе кривична пријава за сомнение за кривично дело „убиство од небрежност“ против 44-годишно лице (Д.К.) од Неготино, односно дека на 20 април оваа година во неготинското село Тимјаник го убил 50-годишниот (Ј.Д.), соопшти МВР.
Кривичната пријава е поднесена денеска од полициската станица Неготино, со што е расчистен случајот, откако на 20 април околу 18:30 часот убиениот бил пронајден во месноста „Селиште“ - Копришница, атар на општина Демир Капија.
Починатото тело било предадено на обдукција, а според документираните сознанија од истрагата, на 19 април од небрежност со ловна пушка „ТОЗ 63“ Д.К истрелал во правец на Ј.Д, нанесувајќи му устрелна рана во пределот на горниот дел на телото, наведуваат од МВР.