Заев: Велигден ни дава сила и надеж
Премиерот Зоран Заев синоќа, заедно со своето семејство го дочека Христовото воскресение -Велигден, во црквата „Свети Григориј Палама и Димитриј“ во Струмица. Тој оттаму им го честита празникот на христијанските верници.
„Воскресението Христово ја симболизира победата на животот над смртта и ја дава силата за надежта за излез од сите тешки ситуации со кои се соочуваме сите ние граѓаните. Верувам дека овој празник ќе ни донесе мир на сите, благосостојба на сите, меѓусебно почитување“ изјави премиерот Заев.