Бајер: Без сериозност на Србија и Косово, ЕУ интеграциите одат ад акта
Известувачот за Западен Балкан во германскиот парламент Петар Бајер предупреди дека европската перспектива на Србија и Косово ќе биде ставена ад акта, акона утрешниот состанок во Берлин не покажат сериозна подготвеност за напредок во процесот на нормализација. Тука не се работи за некои конкретни планови со поставени услови, туку за информативна и отворена размена на мислења за регионалните теми, изјави Бајер.
„ Покрај тоа, ние можеме да се надеваме дека Србија и Косово, средбата ќе ја искористат на конструктивен начин и ќе разговараат за процесот на нормализација. Бидејќи, ако и понатаму не постои сериозна волја за напредок, перспективата на ЕУ за двете земји ќе биде ставена ад акта,“ додаде тој.
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон утре во Берлин организираат состанок со лидерите на земјите од Западен Балкан и Европската комисија, на која се поканети и претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.