Косовската партија Самоопределување утре ќе протестира во Берлин
![Косовската партија Самоопределување утре ќе протестира во Берлин](https://gdb.rferl.org/82BAB186-C14A-4575-ADA4-7F5B6ACA088C_w800_h450.jpg)
Косовската опозициска партија Движење Самоопределување утре ќе протестира воБерлин, каде што, во рамките на самитот на лидерите од Западен Балкан, ќе се сретнат претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ.
Протестот, како што соопштија од партијата, ќе се одржи пред канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, која заедно со францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на самитот. Мотото на протест е „Против пазарењата на Тачи и Вучиќ“ и на него се повикуваат да учествуваат косовските иселеници во Германија