Иран размислува да се повлече од нуклеарниот договор
![Иран размислува да се повлече од нуклеарниот договор](https://gdb.rferl.org/7E536852-223D-46CC-AE37-949DB06C4ECC_w800_h450.jpg)
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џевад Зариф вели дека Техеран може да се повлече од Договорот за нуклеарно оружје, како одмазднички мерки поради заострувањето на санкциите од страна на САД.
Опциите за делување се многубројни, и власта во државава ги разгледува, напуштање на договорот е една од нив, изјави Зариф.
Коментарите доаѓаат откако главниот ирански генерал предупреди дека Техеран може да го затвори стратегискиот Ормутски теснец доколку се соочи со повеќе „непријателство“.
Зафир истакна дека засега нема таков план, но доколку се заострат работите не се исклучува таква можност.
Вашингтонго зголеми економско-политичкиот притисок кон Техеран откако Доналд Трамп стана американски претседател.