Циклонот Кенет однесе 38 животи во Мозамбик
Во циклонот Кенет кој го погоди Мозамбик загинаа 38 лица, соопшти Институтот за управување со кризи од земјата. Циклонот во четвртокот предизвика лизгање на земјиштето на западниот брег и ветрови со јачина од 280 километри на час. Големите врнежи од дожд предизвикаа и поплави во земјата.