Заев од Мечкин Камен: Патриотизам е да се помириме и обединиме
Продолжуваме да го негуваме наследството за едно општество, продолжуваме со политиките на надминување на поделбите, сите ние Македонци, Албанци, Срби, Роми, Бошнаци, Турци и сите други, сметаме дека е патриотска должност да се помириме и обединиме, а Мечкин камен да биде камен темелник на заедништво и разбирање, не на поделби и каменување“, рече премиерот Зоран Заев на централната прослава на Илинден, на Мечкин Камен.
Заев истакна дека како држава се обединивме со соседите, и со западноевропското семјство.
„Во секое семејство во Северна Македонија има по еден партизан и еден комита, ќе продолжиме и во иднина да ја градима нашата земја како што ја градеа партизаните, партизанките, комитите и комитките“, рече премиерот во обраќањето од Мечкин Камен.
Илинден, додаде премиерот, е повик за обединување, делбите не се патриотизам, а Илинден и АСНОМ се симболи на заедништво за подобра иднина.